Од досегашното искуство, за успешна, функционална и беспрекорна кампања на делење флаери и останати промотивни активности на нашата агенција, ова се неколку правила по кои функционираме, а треба да се почитуваат од страна на клиентите.
1. Најдобро е што порано да имаме информации за тоа каде, кога и колкав број на флаери треба да се поделат. Овој период не смее да биде пократок од 5 работни денови. Доколку се работи за редовни репетитивни активности, овој аспект може да не биде земен во предвид.
2. Кампањата започнува само по претходно извршена уплата за целата активност. Не се прифаќаат делумни или задоцнети плаќања. Доколку не биде кампањата платена по профактура однапред 2 работни дена, делењето флаери нема да се изврши.
3. Доколку клиентот платил за делењето на флаери но поради објективни причини ( лошо време, непредвидени настани) агенцијата е спречена во делењето на флаери на договорениот ден, парите од уплатата се враќаат во целост на клиентот. Или, клиентот може да побара иста кампања подоцна со нови или истите флаери.
4. По завршетокот на кампањата на делење флаери, во рок од 3 работни денови, клиентот ќе добие на маил стандардизиран извештај со мапа каде, кога и колку флаери биле поделени со ГПС патеки на движење на делителите на флаери, во реално време, тотално време колку се делеле флаерите и на кои места. Исто така ќе добие и неколку репрезентативни фотографии од делењето ( сандачиња, луѓе, автомобили или промоции )